Мишевски од Пролет се пресели во Израел

Photo: Maccabi Rishon HB

Марко Мишевски, македонски ракометар кој има статус на поранешен репрезентативец замина од екипата на Тинекс Пролет и во продолжението на сезоната ќе настапува во Израел, во екипата на Макаби Ришон.

Марко Мишевски потекнува од вардаровата школа, а играњето во странство нема да биде непознато за него затоа што има настапувано и за екипите на Вараждин од Хрватска и Курњон Аверњ од Франција.

Поврзани вести