-
14.1.2026
-
Македонски ракомет
Фото: Mkdhandball/Radovan Vujovic
Source: EHF
Данска е првиот противник на Македонија, репрезентација што сега ја има улогата што некогаш ја имаа Шведска, Русија, Франција... да биде доминантна во светот. До пред само една година нивната игра ја дефинираа две мега ѕвезди, Микел Хансен и Никлас Ландин, а за многу кратко време фановите имаат нови ѕвезди – Гидсел, Питлик и вонсерискиот голман Емил Нилсен.
„Возбуден сум, сите сме возбудени. Ова е важен шампионат за нас. Сакаме „трипла“. Олимписки и Светски шампиони сме, ако станеме во исто време и европски, тоа ќе биде навистина големо нешто за нас.
Во Данска сме, тоа е голем приситок, но ние се развиваме под притисок и едноставно стануваме подобри. Сите во екипата играат во големи клубови со многу притисок и едноставно навикнати сме на тоа.
Разновидни сме, имаме од сѐ понешто. Имаме брзина, имаме физика, имаме одлична одбрана, одличен напад, комплетен тим сме.
Ако играме на нивото на кое што сакаме да играме, ќе имаме шанси да го освоиме ова ЕП“, изјави Нилсен во пресрет на натпреварот со Македонија.
Поврзани вести