Португалија лесно се справи со Романците

ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА 40-34 (23-18)


Репрезентацијата на Португалија, тим со кого Македонија ќе ги одмери силите во второто коло од ЕХФ Еуро, демонстрираше сила над репрезентацијата на Романија на премиерниот натпревар од првото коло од групата „Б“.
Романија почна добро и добро играше седум-осум минути во кои водеше 4-2. Потоа проработе португалската игра и во следните десет минути со серија од 10-2 стигна до двојно повеќе голови од противникот (12-6).
Како минуваше времето, Романија беше во сѐ поголеми проблеми, па и покрај неколку промашени шутеви, Португалија во 24 минута водеше со 19-10, можеше лесно и двоциферно да води уште во првиот дел, но беа преопуштени Португалците во неколку наврати и Романија успеа првиот дел да го одработи со едноцифрена негатива (18-23).
Вториот дел не донесе нешто ново во поглед на резултатот. Португалија контролираше сѐ што се случува на теренот, Кико Кошта покажа зошто за него се спрема милионска понуда од Барса, но и Романците покажаа поголема борбенот, особно се истакна Даниел Станчјук и резултатот се движеше околу границата од првиот дел.

Во 52 минута резултатот беше 35-28, на пет минути до крајот 36-31, потоа 38-34 и Португалија ги запиша првите бодови. 

Поврзани вести