Актуелно

Питлик: Македонија играше добро, но најдовме решение



Македонската репрезентација со тројца дебитанти во составот имаше можност на премиерниот меч од ЕП да игра со домаќинот, воедно и најдобрата светска селекција - Данска. 
Домаќините го добија овој меч убедливо, но не се прошетаа низ натпреварот, туку мораа да вложат напори. По натпреварот разговараме на кратко со еден од најдобрите светски играчи, Симон Питлик, една од ѕвездите на светскиот ракомет. 

„Македонија одигра добар натпревар, се бореа 60 минути и моравме да играме на високо ниво цел меч. Направија добра работа со тоа што го отстранија Матијас (Гидсел) , па имавме проблеми во првиот дел. Но, најдовме решенија во второто полувреме, а и имаме поширок ростер на играчи и мислам дека малку останаа без сила во вториот дел, но сеедно, Македонија одигра добар натпревар“, изјави Симон Питлик за Mkdhandball. 

Поврзани вести