Македонската репрезентација имаше можност во многу амбиент што може да се нарече спектакуларен да игра против Данска, најдобриот светски тим во моментов. Данците демонстрираа игра што не остава двојби околу шансите за изненадување. Имаат напреден систем, страшен состав и најголеми шанси да освојат златен медал.
За македонскиот тим ова беше меч од кого може многу што да се искористи за иднина.
„Знаевме со каков тим ќе си имаме работа, не треба да се трошат зборови за репрезентација на Данска. Ја казнија секоја грешка што ја направивме и наметнаа ритам што не можевме да го издржиме.
Тоа е тоа, првите натпревари се секогаш најтешките. Имаме уште два натпревара, така што сега ги насочуваме кон репрезентациите на Португалија и на Романија“м изјави голманот на македонската репрезентација Иван Галевски.