Мартим Кошта: Со Македонија ќе биде потешко отколку со Романија



Натпреварот со Данска е веќе архивиран и фокусот на македонската репрезентација сега е насочен кон натпреварот со Португалија, дуел од второто коло што ќе се игра утре.
Последниве години, синоним за португалскиот ракомет се браќата Мартим и Кико Кошта, а малку познат факт за македонската јавност е дека повозрасниот, Мартим, репрезентативната кариера ја лансираше од Скопје. Во 2019 година, тој беше лидер на португалскиот тим кој стигна до полуфиналето на кадетското СП.

„Добро го паметам тоа првенство во Македонија“, вели Мартим. „ Тоа беше првенство до 19 години, а јас бев најмлад во нашиот тим и имав само 17. Одигравме добар турнир, бевме изненадување на првенството и игравме полуфинале. Сега сме на друго ниво, но тоа беше прв голем турнир за мене и од таму тргнаа напред работите“, изјави Мартим Кошта.


Македонија е следниот противник на Португалија, какви се очекувањата?

„Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот со Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе мораме да бидеме многу добри ако сакаме победа над нив. Секако, ние сме фаворити на тој натпревар и имаме доволно квалитет за да победиме, но ќе мораме да бидеме многу сериозни затоа што Македонија е навистина добра репрезентација.
Очекувам тежок натпревар, потежок отколку натпреварот со Романија. Македонија има повеќе добри играчи и играат поразновидно“, вели Кошта.


На претходното СП, Португалија беше изненадување, дали може да го повтори тој успех?

Веќе не се доживуваме како изненадување, неколку години играме на високо ниво. Имаме добар тим, но има има и други многу добри екипи. Нема да биде лесно, но нашата цел е да стигнеме најдалеку што можеме“, изјави Мартим Кошта за mkdhandball.

Поврзани вести