МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 29-29 (13-15)
Сала: „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, Данска. Гледачи: 11.480 Судии: Амар Коњичанин и Дино Коњичанин од БиХ. Делегат: Николае Визитиу од Романија
МАКЕДОНИЈА: Митревски (5 одб), Томовски (8 одб), Велковски 4, Ѓоргиев, М. Митев 1, Маркоски, Кузмановски 15, Не. Костески, Ни. Костески, Пешевски 1, Џонов 1, Стојковиќ 2, Аларов, Пе.Атанасијевиќ 1, Па.Атанасијевиќ 3, Серафимов
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 10 мин.
ПОРТУГАЛИЈА: Капдевил (7 одб), Итуриза 5, Салвадор 2, Силва 2, Невес, Фернандеш, Бранкињо 1, Ареја 2, Ф. Кошта 11, М. Кошта 2, Фереира 1, Вињас, Фраде 3, Брандао, Кавалканти, Валерио
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 6 мин.
По голема борба, репрезентацијата на Македонија одигра нерешено со тимот на Португалија во второто коло од ЕП.
Македонија беше одлично тактички подготвена за дуел со Португалците, во тоа воопшто не се сомневавме. Прашањето беше дали може на терен да се спроведе планот имајќи предвид дека играме против врвен противник.
Во првите 10 минути одеше според планот. Македонија поведе 4-2, знаеше што прави во одбрана. Првото исклучување во редовите на нашиот тим го врати португалскиот тим во игра (4-4, 5-5).
Второто исклучување во редовите на Македонија ги одведе Португалците до првото водство (7-6, 14 минута).
Само што истече казната за исклучениот Серафимов, а црвен картон доби Никола Маркоски. Казната беше изречена по извршена видео анализа.
Македонија играше добро, резултатот беше 9-9 по 19 минути игра во кои имавме три исклучувања и два пенали досудени против нас. Селекторот на Португалија, Пауло Переира побара тајм аут во тие моменти.
Македонија се врати во водство по тајм аутот, Кузмановски со четвртиот гол испиша 10-9 на семафорот.
Гол за гол се играше до крајот на првиот дел што заврши со водство на португалскиот состав од 15-13.
Португалија во вториот дел влезе со 7 на 6 и тоа им донесе предност. По само пет минути беше 19-14 или серија од 4-1.
Се бореа македонските ракометари, успеаја да намалат на минус три гола (17-20), но повеќе решенија имаше португалскиот селектор и во 40 минута одново беше плус пет (22-17).
Следеше ново враќање на нашиот том, количеството вложен труд донесе резултата и намали Македонија на минус два (20-22)
Во последните 10 минути се влезе со резултат 23-25, но Кико Кошта постигна гол и изнуди исклучување.
Кузмановски со својот 12 гол намали на 24-26, а Томовски со својата трета одбрана ја одведе Македонија во напад за минус 1.
Кирил Лазаров со тајм аут го пречесе нападот на средината на 53 минута, а Кузмановски погоди за 25-26 и изнуди исклучување на Итуриза. Потоа Томовски му одбрани шут на Мартим Кошта и Македонија тргна во напад за реми во кој Мартин Серафимов погоди за 26-26.
Во следниот напад судиите од БиХ досудија пенал и исклучување и Португалија поведе 27-26. Кузмановски со 14 гол израмни, но во следниот напад одново пенал и одново Кико Кошта погоди за водство.
Спорен момент следеше, имаше видео анализа по што Македонија доби седмерец, а Португалија исклучување. Кузмановски со гол број 15 донесе израмнување во 58 минута.
На 50 секунди до крајот беше 29-29 и Португалија во (пасивен) напад.
Последните 50 секунди беа драма во драмата, Томовски блескаше на голот, Македонија испушти топка за напад за победа, но конечно мечот заврши со поделба на бодовите.