Германија вчера беше нокаутирана, отпишана, а Србија беше на деветто небо. Денска се случи таков пресврт по кој Германија оди во Главната рунда и тоа пренесува максимални два бода, а Србија е последна во групата и ќе игра два баража за пласман на следното Светско првенство.
Расплетот почна на натпреварот меѓу Србија и Австрија што го доби тимот на Австрија (26-25), а потоа Германија одигра еден меч сосема поинаков од тој со Србија и ја совлада репрезентацијата на Шпанија со 34-32. Со тоа Германија со четири бода и подобар меѓусебен дуел од Шпанија го освои првото место, Шпанците се втори но во Главната рунда ќе одат без бодови.
Австрија поради победата над Србија е на третото место и ќе се пребројува со гол разлика за место во Топ 16, а Србија е последна во групата и ќе биде пласирана меѓу 19 и 24 место.