Веспрем се интересира за Стефан Додиќ

Фото: РК Војводина

Младиот врањанец кој кариерата ја почна со секојдневни патувања до Скопје за да тренира во Металург под палка на Лино Червар е на прагот на нов голем трансфер.

Српскиот плејмејкер кој освен за Металург има играно и за Охрид и за Вардар, а и за полскиот Келце пред да заврши во Војводина, добил повик од Веспрем објави денеска Моцарт Спорт.

Додиќ има договор со Војводина до јуни, па ако замине веднаш на новосадскиот тим ќе му следува и отштета.
Неофицијално и Е. Пелистер беше споменуван во шпекулации за трансфер на Додиќ, но ако Веспрем сериозно влезе во игра за неговиот потпис, тогаш шансите тие да го добијат се далеку поголеми.

Поврзани вести