Мирко Радовиќ се „поздрави“ со Ц. Гора

Photo: RSCG

Мирко Радовиќ, поранешниот член на Еурофарм Пелистер и капитен на репрезентацијата на Црна Гора, во иднина нема веќе да игра за репрезентацијата.
Натпреварот со Швајцарија од третото коло на ЕП 2026 беше последниот за Мирко Радовиќ во дресот на националниот тим на Црна Гора. Одлуката за крај на репрезентативната кариера ја донел пред почетокот на ЕП, а откако Црна Гора доста неславно го заврши настапот на првенството, беше објавена и во јавноста. 
Радовиќ беше репрезентативец 15 години и дел од сите успеси и неуспеси на својот тим каде што стигна до капитенската лента.
Нов капитен на репрезентацијата ќе биде десниот бек Бранко Вујовиќ. 

Поврзани вести