Хрватска на мускули го доби Исланд

Photo: IHF
 

ХРВАТСКА – ИСЛАНД 30-29 (19-15)
Мараш 7, Срна 6 - Рикардсон 8, Магнусон 8


Репрезентацијата на Хрватска ги освои првите бодови во Главната рунда со победа над екипата на Исланд.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон ги знае добро сите слаби страни на исландските играчи и постави тактика во која Хрватска ја искористи физичката сила за доминација над побрзите исландски ракометари.

Хрватите не покажаа којзнае каква офанзивна игра, но Мартиновиќ и Мараш имаа одличен шутерски ден, а голманот на Исланд речиси и да не фати ништо од далечина.

На спротивната страна, Хрватска играше одлична одбрана. Се движеа добро дефанзивците, а Срна, Шушња и другите уште им удрија и добар ќотек на Гисли, Трастарсон и Магнусон.

Не се прославија Исланѓаните и како пеналџии и тоа беше доволно за Хрватска да води во текот на целиот меч. Најмалку два, најмногу четири гола разлика беше разлликата. Исланд беше блиску, но не успеваше да ги искористи максимално своите шанси. На крајот, немаше ниту голема резултатска драма откако Хрватска имаше плус два во последната минута.

 

Поврзани вести