Еден странец помалку во ГРК Охрид

Српскиот ракометар Младен Крсманчиќ и ГРК Охрид се разделија во зимскиот преоден рок и тој нема да ја продолжи сезоната во Македонија. 
Крсманчиќ пред Охрид играше за Вардар и така остана во меморијата на охриѓани и потпишаа договор со него на почетокот на сезоната. Не добиваше голема шанса, но и беше корисен во моментите кога беше на терен или при изведување на седмерци.
Тој веројатно ќе биде замената на Стефан Додиќ во Војводина. Ова е второто заминување од Охрид зимава, претходно беше раскинат договорот со грузискиот ракометар Темо Орјоникидѕе. 

Поврзани вести