Алкалоид го промовираше Николов, заврши одморот за репрезентативците

Фото: Филип Вирановски/РК Алкалоид

Екипата на Алкалоид се врати на тренинзи во полн состав откако им заврши одморот и на репрезентативците кои беа дел од ЕП 2026.
Во Автокоманда повторно се слушаат командите на Кирил Лазаров, а во екипата има и една играчка промена. Михаил Иваноски направи трансфер и ќе продолжи во Словенија, а на неговото место дојде десниот бек на Филип Николов. 
Тренерот Кирил Лазаров веќе се префрли од репрезентативен на клупски ракомет и вели дека е задоволен и од играчите што беа на ЕП и од формата на тие што останаа во Скопје. 

Веќе ни е позната ситуацијата по големи натпреварувања да се вратиме на клупски обврски и да го фатиме овој начин на работа. Се подготвуваме за тоа што нѐ очекува, крајот на регуларниот дел од сезоната и почетокот на Плејоф.
Задоволен сум од состојбата на ракометарите кои останаа овде и ги одработуваа зимските подготовки заедно со кондицискиот тренер. Репрезентативците што беа на ЕП здравствено се добро, што е многу важно. Тие што играа повеќе се во подобра форма, со другите работиме повеќе.



Филип Николов е ново име во тимот. Квалитетен македонски ракометар на добра возраст. Мислам дека со неговиот начин на игра ќе придонесе да бидеме поцврсти и поборбени, посебно во дефанзивата и очекувам со неговото присуство да бидеме пет до десет проценти поквалитетни во секој сегмент“, изјави тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров.

Поврзани вести