Гидсел е на чекор од нов рекорд!

Светската ѕвезда број 1, данскиот играч Матијас Гидсел досега постигна 61 гол на ЕП, исто колку што постигна и португалската атракција Франциско Кошта.
Со тоа овие двајца ракометари се израмнија со Кирил Лазаров на второто место на листата на најдобри стрелци на едно ЕП.

Кирил Лазаров на ЕП 2012 во Србија постигна 61 гол и до 2020 година беше најдобриот стрелец во историјата на едно ЕП.
Во 2020, Сандер Сагосен постигна 65 гола и во моментов тој е најдобриот стрелец на едно ЕП.
Но, Матијас Гидсел има пред себе уште еден натпревар за да го надмине рекордот на Сандер Сагосен и да стане најдобриот стрелец во историјата на едно ЕП. Потребни му се пет гола против Германија.

Матијас Гидсел на сите осум натпревари на ЕП досега постигна пет или повеќе голови. Најмалку постигна против Шпанија (5), најмногу против Романија и Франција (9). Против утрешниот противник, Германија, во рамките на главната рунда на ЕП постигна осум гола.

Поврзани вести