ТОП ВЕСТИ: 50 литри пиво за секој бод, Гумерзбах сака голман на Барса...

Photo: IHF

Норвежанецот Бент Дал и Шпанецот Хозе Игнасио Прадес во рамки на една година беа поставени и сменети од позицијата селектор на женската репрезентација на Србија, која има нов кормилар.
Сандра Колаковиќ, поранешна репрезентативка и дел од оние славни ракометарки што своевремено го одбележуваа европскиот ракомет е новиот селектор на српските дами.

Шведскиот голман Андреас Палицка и норвешкиот шампион Колстад се договорија за итно прекинување на соработката. Колстад уште од моментот кога ги собра најголемите домашни и дел од најдобрите скандинавски играчи не успеа финансиски да се консолидира и постојано ги крати платите. Палицка сезонава беше нивниот најскап играч и неговото заминување ќе му олесни на клубот, особено што по ЕП од клубот замина уште еден скап играч - Симон Лисе (ПСЖ).
Палицка најверојатно се сели во Бундеслигата, во екипата на Вецлар и има уште четири дена да го комплетира трансферот пред да заврши преодниот рок во Германија.

Неочекуваниот успех во досегашниот дел од сезоната на екипата на Лемго (3 место) ги поттикна нивните партнери да размислат и за дополнителни бонуси. Овој пат не се за играчите, туку награда за публиката која игра важна улога на натпреварите на Лемго на домашен терен.
Пет спонзори на тимот, одлучија, секој од нив да донираат по 50 литри пиво или други пијалоци за секој бод што Лемго ќе го освои до крајот на сезоната.
Фановите ќе можат да уживаат во бесплатните пијалоци во мечот на домашен терен во последното коло.

Според исландски и германски медиуми, бундеслигашот Гумерзбах е сериозен во намерата да го ангажира голманот на Барса, Виктор Гисли Халгримсон за сезоната 2027/28.
Во меѓувреме, клубот најверојатно ќе се разедли со португалскиот бек Жоао Гомеш за кого се заинтересирани Штутгарт и Порто.




 

Поврзани вести