Фото: РК Алкалоид
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД (12-20)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. делегат: Александар Стефановски
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Фехми, Марковски 2, Лозановски, Гичев 2, Велески, Митревски 3, Јовановски, Шулевски 1, Младенов, Дамчевски, Димитровски, Пецаковски, Славков, Белистојаноски 4, Дрогришки 1, Махмуд 8
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 2 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Тордарсон 8, Маркоски, Серафимов 1, Стојковиќ 2, М. Митев 4, Ѓоргиев, Не. Костески 5, Петковски 1, Д. Митев 4, Борзаш 2, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.
Алкалоид го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2, првиот битолски тим слави победа во Радовиш, па врвот на табелата нема да претрпи никаква измена и по комплетирањето на 20 суперлигашко коло.
Алкалоид немаше тешка задача во Ботола. По само десетина минути игра во кои доминираше во одбраната и постигна четири гола од контра напад од вкупно седум постигнати погодоци, скопскиот тим поведе со пет гола разлика (7-2) и уште во оваа фаза го прекрши мечот резултатски.
Во последната третина од првото полувреме, Алкалоид уште еднаш изврши притисок врз домашните ракометари и резултатот од шест гола разлика во 20 минута (12-8), прерасна во многу поубедливо водство (17-8) во 24 минута од мечот за конечно на полувреме да биде 20-12.
На почетокот на вториот дел, со серија од 5-0 Алкалоид стигна до водство од 25-12 и без проблем стигна до нови бодови.