Тинекс Пролет ги испрати во „пензија“ Мајнов и Даскалоски

Раководството на Тинекс Пролет пред почетокот на дуелот со Струга, им се заблагодари на двајца ракометари кои во моментот кога ги завршија своите кариера беа дел од скопскиот клуб со долга традиција.

Тинекс Пролет со пригодни подароци за спомен ги испрати во играчка пензија доскорешните ракометари на клубот, Доне Мајнов и Златко Даскалоски.
Мајнов повеќе од една деценија ги бранеше боите на Тинекс Пролет, а од почетокот на оваа 2026 година ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб.

Даскалоски, кој во кариерата бранеше за бројни македонски клубови, ги мина последните 18 месеци во Тинекс Пролет, а во договор со управата тој остана во клубот, како тренер на голманите во првата екипа, но и за работа со чуварите на мрежата во младинските тимови на Тинекс Пролет.

Подароците беа врачени од долгогодишниот претседател на РК Тинекс Пролет, Душко Кадиевски, како и помошниот тренер Петар Тотиќ, кој исто така долги години е дел од овој спортски колектив.

Поврзани вести