Кој ќе биде играч на годината според ИХФ?

Фото: Mkdhandball

Светската ракометна федерација утре ќе ги прогласи победниците во изборот за најдобар светски играч во машка и женска конкуренција и најдобри млади играчи, исто така во двете категории.

Матијас Гидсел, Емил Нилсен и Иван Мартиновиќ се кандидатите во машка конкуренција. Гидсел е победник од 2023 и 2024 и е блиску до моментот да им се приклучи на Микел Хансен и Никола Карабатиќ кои имаат три пати победено во овој избор. Но, Гидсел би бил првиот што би го остварил тоа во три години по ред.

Во женска конкуренција, Хени Рејстад има иста шанса како Гидсел, трипати по ред да биде победник. Но, таму, такво нешто веќе оствари Кристина Неагу која е најуспешен играч воопшто со четири победи во изборот.
Конкуренцијата на Хени Рејстад е нејзината сонардоничка Катрине Лунде и бразилската ракометарка Бруна де Паула.

Во младинска конкуренција има три врвни играчи што се номинирани. Тоа се португалскиот бек Франциско Кошта, ракометарот на Ф. Острови - Оли Митун и шведскиот играч со црногорски корени – Никола Рогановиќ.

Во изборот на најдобра млада ракометарка се најдоа данската репрезентативка Јулија Скалионе, француската ракометарка Нина Дури и Германката Виола Лојхтер.

 

Поврзани вести