Воркапиќ предвреме доаѓа во Вардар

Фото: РК Војводина

Српското репрезентативно крило Вукашин Воркапиќ нема да чека до јуни за трансфер од Војводина во Вардар 1961, туку веднаш го напушта Нови Сад и се сели во Скопје, објави денеска српскиот „Моцарт Спорт“.

Воркапиќ требаше во Вардар 1961 да премине следната сезона, но слично како и Бразилецот Жоао Педро да Силва, го „искористи“ финансискиот проблем во Војводина и трансферот ќе го реализира веднаш.
Воркапиќ ќе го пополни местото на Ален Ќосевски кој замина во ГРК Охрид и заедно со Мигел Пинто и Гоце Георгиевски ќе формира трио десни крилни ракометари.
Од другата страна, Војводина покрај Воркапиќ и Силва, го загуби и Додиќ (Веспрем), па изгледа како се да откажува од трката за шампионската титула со екипата на Партизан.

Поврзани вести