Палицка во Берлин виа Вецлар

Photo: IHF

Шведскиот голман Андреас Палицка го напушти Колстад и премина во редовите на бундеслигашот Вецлар, но таму ќе остане само четири месеци.

Потоа, овој 39 годишен ракометар ќе му се приклучи на тимот на Фуксе Берлин.

Палицка и Берлин потпишаа едногодишен договор и тој ќе биде замената за Дејан Милосављев кој, пак, во јуни заминува од Германија и се сели во Полска, каде што ќе брани за екипата на Келце.

Поврзани вести