ИХФ: Хет трик за Гидсел и Рајстад

Photo © International Handball Federation/ IHF

Данецот Матијас Гидсел е најдобриот ракометар во светот за 2025 во машка, а Норвежанката Хени Рејстад најдобрата ракометарка за 2025 според изборот на ИХФ.
Најдобар млад ракометар е Франциско Кошта од Португалија, а најдобра млада ракометарка Виола Лојхтер од Германија.

Гласањето за најдобрите се одвиваше во три дела. Првиот дел се гласовите на селекторите што водеа репрезентации на СП. Вториот дел се гласови од фановите. Третиот е комисијата на ИХФ.

Матијас Гидсел освои 60.7 % од гласовите на тренерите и 68% од фановите, а конкуренција му беа Емил Нилсен и Иван Мартиновиќ.
Хени Рејстад, пак, освои 52% од тренерите, но Бразилката Бруна де Паула имаше повеќе гласови од фановите.

Франциско Кошта беше најдоминантен меѓу фановите со 80% освоени гласови во конкуренција на Оли Митун и Никола Рогановиќ.

Матијас Гидсел и Хени Рејстад трет пат и тоа по ред се закитуваат со ова престижна титула. Со тоа Гидсел се израмни со Микел Хансен и Никола Карабатиќ, а Хени Рејстад има една титула помалку од Кристина Неагу.

ИХФ овој избор, со неколку прекини, го спроведува од 1988 година, а први победници во 1988 година беа Веселин Вујовиќ и Светлана Китиќ.

Поврзани вести