Фото: РК Алкалоид
РК СТРУГА - РК АЛКАЛОИД 20-41 (9-20)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Душко Камишевски
РК СТРУГА: Тутенкоски, Стефановиќ 1, Мечкароски 2, Костов 5, Клењоски 1, П. Ферукоски 3, Д. Ферукоски, Пејоски, Симоноски 3, Ристевски, Димоски 1, Костоски 1, Савески, Талевски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Николовски, Џонов 2, Тордарсон 7, Никола Костески 4, Серафимов 1, Стојковиќ 1, М. Митев 4, Симоноски 3, Велковски, Ивановски 2, Петковски 5, Д. Митев 4, Трајкоски 1, НИколов 2, Ѓорговски 5
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.
До крајот на првиот дел од Суперлигата за екипите на Алкалоид, Вардар и Е. Пелистер остана само уште едно коло. А во тоа коло, во Автокоманда ќе се игра дерби меч меѓу екипите на Алкалоид и Вардар 1961.
Во пресрет на тој натпревар, загревачки три од три запишаа и двата тима.
Вечерва во Автокоманда, Алкалоид и беше гостин на Струга. Мечот, како што се очекуваше заврши со убедлива победа на скопскиот тим.
Алкалоид поведе со 4-0, пота беше 7-2, а во 25 минута водеше со 15-9. Во последните пет минути од првиот дел, РК Алкалоид со серија од 5-0 го постави конечниот резултат по 30 минути игра (20-9).
Во вториот дел резултатот како и во првото полувреме, постојано се зголемуваше во полза на екипата на РК Алкалоид за конечно по 60 минути игра да биде поставен и конечниот резултат, а тоа е победа на Алкалоид од 41-20.