Директорот на Војводина се бори за живот, дербито одложено

Трагичен настан ја вознемири српската јавност. Директорот на РК Војводина, Дарко Јевтиќ, е во вештачка кома по несреќата што се случи на обиколницата кај Белград во која животот го загуби неговата сопруга, некогашна српска тенисерка Татјана Јечменица Јефтиќ.
Според неофицијалните информации од српските медиуми, возилото со кое управувала Јечменица било во спротивна насока и се судрило со камион. 
Поради овој трагичен настан, дерби мечот меѓу Динамо Панчево и Војводина што требаше да се одигра денеска е одложен на неодредено време. 

Поврзани вести