Охрид денеска јуриша кон европско 1/4 финале

Играчки регрупиран, освежен и засилен, тимот на ГРК Охрид денеска ќе го одигра првиот 1/8 финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп.
Противник на македонскиот претставник ќе биде чешкиот армиски клуб Дукла Прага, екипа која во моментов во чешката Екстралига е на третото место зад екипите на Карвина и Плзен.

Во се помалата, но посилна конкуренција во ЕХФ Европскиот Куп останаа 16 екипи. Охрид кој е силен кандидат за пехарот, во ова коло влезе како носител, привилегија што ќе ја загуби во следната рунда. Но, голема поволност е што уште во 1/8 финалето се среќааваат меѓусебе Рунар и Татабања, односно Целје и Бешикташ, па така два силни тима ќе бидат елиминирани, а Охрид и во следната рунда, со малки среќа би можел убаво да помине во ждрепката.
Но, прво, Дукла Прага.

ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП:
Охрид (Мкд) - Дукла Прага (Чеш)
Татабања (Унг) - Рунар (Нор)
Олимпијакос (Грц) - Бк-46 (Фин)
Брно (Чеш) - Нилуфер (Тур)
Целје (Сло) - Бешикташ (Тур)
Коњух (БиХ) - Бузау (Ром)
Карвина (Чеш) - Балатонфуред (Унг)
Извиѓач (БиХ) – Тримо (Сло)


Натпреварот меѓу ГРК Охрид и екипата на Дукла Прага ќе се игра денеска со почеток од 18:00 часот во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Поврзани вести