Шоштариќ е вон строј, Загреб има нов тренер

Photo: SEHA

Екипата на РК Загреб повторно има нов тренер. Повратник на клупата е Борис Дворшек кој ќе го менува досегашниот тренер Ненад Шоштариќ.
Ништо ново кога е во прашање Загреб, но сепак, оваа тренерска смена е нешто ново за разлика од досегашните клупски одлуки.

РК Загреб овој пат не направи своеволно замена на клупата. Борис Дворшек е ангажиран затоа што Ненад Шоштариќ физички не е во состојба да ја води екипата.

Прославениот хрватски тренер имаше сообраќајна несреќа по која сѐ уште не е „на нозе“ за да може да ги извршува своите професионални задачи.

Ангажманот на Дворшек е своевиден показател дека Шоштариќ подолго време нема да биде физички на располагање, иако тој засега останува во клубот.

Поврзани вести