Закажано последното зимско дерби!

Следниот викенд во македонската Суперлига е резервиран за последното коло од првата фаза на шампионатот. Од понеделник, екипите ќе бидат поделени на Плејоф и Плејаут учесници и ќе почне финалната битка за шампионска титула, пласман и опстанок.
Екипите од оваа сезона во Плејоф и Плејаут ќе ги пренесат бодовите од првиот дел од првенството, а тие сѐ уште комплетно не се „поделени“.

Останува да се одигра уште едно дерби од водечката четворка, а актери на тој меч ќе бидат екипите на Алкалоид и Вардар 1961.

Денеска беше закажан терминот за овој дуел. Ќе се игра во сабота со почеток од 19:30 часот во Автокоманда.

Поврзани вести