Нексе го смени тренерот

Photo: RK Nexe/TSV Hannover - Burgdorf

Екипата на Нексе претрпе неочекуван пораз во првото коло на хрватскиот Плејоф, на гости од екипата на Горица (31-38), а кога на овој пораз се надоврза и очекуваниот гостински пораз од Хановер-Бургдорф во Европската лига (28-34), управата на клубот реши да му се заблагодари за соработката на тренерот Крешо Иванковиќ. Во моментов нивни тренер е Саша Баришиќ Јаман, долгогодишен ракометар на Нексе. Тој доби прекоманда од вториот тим и во следното коло ќе дебитира на клупата на првата екипа. 

Поврзани вести