Утре ждрепка за Плејоф и Плејаут во Суперлигата

Шесте најдобри екипи во македонската Суперлига и шесте екипи што по комплетираните 22 кола се пласираа од седмото до 12 место, утре ќе бидат поделени во Плејоф и Плејаут учесници и за втората фаза од шампионатот ќе биде извршена ждрепка.
Ждрепката ќе биде извршена утре во 10:00 часот и носи нова неизвесност и возбудувања, иако немаше да биде нелогично и според бергеровиот систем и освоените позиции се направеше распоредот за натпревари во следната фаза.

Екипите ќе ги пренесат бодовите од меѓусебните дуели во првата фаза од натпреварувањето, па така Вардар 1961 во Плејоф ќе стартува со 18 бода, Пелстер ќе стартува со 14, Охрид со 13, Алкалоид со 11, а Тиквеш и Бутел со по два бода во Плејоф шампионатот.
По истиот принцип ќе се игра и во Плејаут шампионатот каде што ќе учествуваат екипитена Е. Пелистер 2, Прилеп, Пролет, Куманово, Струга и Радовиш.

Сите екипи ќе одиграат по уште 10 кола, по пет на домашен и на гостински терен по што ќе биде познат и првакот за сезоната 2025/26, распоредот на местата во Европските купови, а од Плејаут лигата, екипата што ќе игра бараж за опстанок и клубот што директно ќе се пресели во Првата лига следната сезона.
 

Поврзани вести