-
04.3.2026
-
Македонски ракомет
Фото: РК Еурофарм Пелистер
Е. ПЕЛИСТЕР – ПСЖ 34-34 (15-18)
Кузмановски 10, Манасков 5, Видомски 4 – Јахија 10, Шипжак 6, Пранди 5
Е. Пелистер со стил ја одјави Лигата на шампионите од Битола, сезонава. На последниот домашен натпревар, Е. Пелистер одигра нерешено со големиот Пари Сен Жермен и им приреди нови незаборани моменти на своите навивачи кои со посеветеноста, бројноста и амбиентот што го правеа низ текот на целата сезона, заслужија најмалку вакво резултатско простување од Лигата на шампионите.
Францускиот состав, веројатно и натаму најскапиот тим во светот, во Битола беше дочекан од резултатски растоварен тим на Е. Пелистер кој математички ЛШ ја заврши уште минатото коло.
Водеа парижаните во текот на целиот прв дел, најчесто со два до три разлика, но имаа во одредени моменти и плус четири на салдо (13-9, 14-10). Дека е сериозен Е. Пелистер покажа во неколку наврати во кои дојде до минус еден (14-15, 15-16), но на одмор се замина со три гола предност за гостите (18-15).
Во 40 минута Е. Пелистер успеа прв пат да израмни (24-24), во 50 минута водеше и со два гола разлика (29-27), но во последната минута од натпреварот ПСЖ имаше водство од 34-32. Следеше гол на Хосни за намалување на 33-34, а потоа напад на ПСЖ и тајм аут на 13 секунди до крајот. Одиграа за зицер гостите, но Хеидарирад му одбрани шут на Јахија, по што следеше контра напад и гол на Манасков за 34-34 и поделба на бодовите.
Филип Кузмановски имаше вонсериски натпревар со 10 гола, Манасков постигна пет, а Видомски четири за домашниот тим. Во редовите на ПСЖ, Омар Јахија со 10 гола беше најефикасен, шест постигна Шипжак, пет гола Пранди.
Поврзани вести