ВЕСТИ: Кил бендиса пикер, тендер за Ф4 од Европската лига...

По три годни играње на женскиот Ф4 од Европската лига на неутрален терен во Грац, Австрија, ЕХФ сфати дека од спортски, комерцијални, организациски и маркетиншки причини, како и од аспект на навивачи – постојат подобри решенија.

Затоа сега распиша тендер за организација на Ф4 турнирот, а кандидати за организација се осумте екипи што останаа во конкуренција.

Претходно одложени, сега ЕХФ официјално ги откажа двата дуела на Грција и Израел од Квалификациите за ЕП 2026 во женска сениорска конкуренција. Нема прецизирана временска рамка што ќе одговори на прашањето што ќе се случи со овие дуели и дали воопшто ќе се одиграат. Ќе се знае – тогаш кога ќе се знае.

Најпознатиот германски клуб, Кил, објави дека го продолжиле договорот со крилото Руне Дамке што е многу битно за нив затоа што им заминува Магнус Ландин од истата позиција, а воедно потврдија дека се заинтересирани да го ангажираат пикерот на Хановер и на репрезентацијата, Јустус Фишер.

Висла Плоцк му даде нов договор на крилниот играч Примислав Крајевски. Новиот договор е практично награда за лојалноста, затоа што Крајевски за Висла ќе игра со полни 40 години.

Динамо Букурешт ќе биде следната дестинација за португалскиот пивот Виктор Итуриза. Тој е играч на Порто сезонава, а во Букурешт би требало да игра во наредните две години. Романскиот првак се договори и со бекот на словенечката репрезентација, Андраж Макуц.

Поврзани вести