Фото: РК Еурофарм Пелистер
Најавеното продолжување на платформата за ракометна Битола денеска имаше официјална промомоција. Потпишан е третиот договор од оваа платформа, поставени се правилатат и приказната продолжува.
Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“.
Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа. Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим.
Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер.