БЕЛГИЈА - МАКЕДОНИЈА 26-25 (14-15)
Смитс 11, Бонс 6 - Кипријановска 7, А. Јанкуловска 3, М. Јануловска 3, Гакидова 3
Женската репрезентација на Македонија испиша историски пораз од тимот на Белгија во првата меѓусебна средба што овие два тима воопшто ја одиграле.
Во третото коло од квалификациите, Македонија гостуваше во Хаселт, Белгија на натпревар од кој очекувавме верификација на местото број три во групата. Според сите релевантни параметри реално беше Македонија да доминира, да покаже разлика во квалитет и да освои бодови со кои ќе ја отпише Белгија и на реванш натпреварот ќе завери трето место во групата.
Но, теоријата е едно, тоа што го видовме на терен е сосема друга приказна.
Македонија за волја на вистината водеше во најголемиот дел од натпреварот, но ниту знаеше како да го зачува водството, ниту знаеше како да се одбрани од противникот, особено од бекот Муниа Смитс и десното крило што шутира со десна рака Фиен Бонс.
Мунис Смитс, која е помлада сестра на германската репрезентативка Ксенија Смитс, против Македонија постигна 11 гола, Бонс беше стрелец на шест погодоци меѓу нив и на решавашкиот победнички погодок.
Јована Кипријановска долго време беше носечката сила во нашата репрезентација, голманот Илиќ имаше свои моменти, но генерално, нема простор за пофалби.
Алрамот мора да биде вклучен, но место за паника, сепак, нема. На Македонија за третото место во групата и е потребен подбар скор од дуелите со Белгија, а реваншот допрва ќе се игра во Куманово. Немаме сомнеж дека Македонија ќе победи и ќе го освои третото место, а со тоа и шансата да оди на ЕП како третопласирана, затоа што резултатите со Белгија ќе бидат избришани и ќе се сметаат само тие со Германија и Словенија.