Голем меч, без преголемо резултатско значење ќе се игра вечерва на теренот на актуелниот европски шампион Магдебург. Гостува Барса, екипа со нерасчистени сметни од ланското полуфинале на ЛШ и уште повеќе должник за сезонскиот пораз на домашен терен.
Тоа што резултатот нема да игра улога на табелата, со оглед на тоа дека двата тима обезбедија 1/4 финале, може да биде само увертира за атрактивен натпревар.
Два часа порано во Бундеслигата, пак, се среќаваат двете годинешни сензации, Гумерзбах и Лемго.
Љубителите на врвниот женски ракомет, ќе можат да го следат мечот од ЕХФ Еуро Куп меѓу репрезентациите на Унгарија и Данска.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ МАЖИ
20:45 МАГДЕБУРГ - БАРСА (ТВ Арена Спорт 4 Премиум)
БУНДЕСЛИГА
19:00 ГУМЕРЗБАХ - ЛЕМГО (ТВ Арена Спорт 4 Премуим)
ЕХФ ЕУРО КУП - ЖЕНИ
18:00 УНГАРИЈА - ДАНСКА (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)