Играч на Мулти Есенс постигна 37 гола на натпревар!

Дуелот меѓу лидерот на машката младинска лига, Мулти Есенс и фенерџијата во истото натпреварување, екипата на Вардар Неготино ќе остане запишан како историски во македонскиот ракомет во поглед на статистиката од натпреварот. 

Мулти Есенс запиша победа од 86-17 (42-8) што е најголем број на погодоци што го постигнала една екипа, а ракометарот Бобан Поповски беше стрелец на 37 гола, сите од игра. 
Со ова свое индивидуално остварување, леворакиот Бобан Поповски стана рекордер по број на постигнати голови, надминувајќи го за пет гола досегашниот рекорд на Петар Атанасијевиќ (32) во машка конкуренција и за четири голови апсолутниот рекорд од 33 постигнати погодоци што беше сопственост на прилепската ракометарка Матилда Атанасоска остварен во дресот на Кале Кичево. 

Поврзани вести