Норвешка реши, ќе менува селектор

Photo: Wikimedia Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Репрезентацијата на Норвешка е втората репрезентација што ќе менува селектор по настапот на Европското првенство 2026. Јонас Виле, нивниот актуелен селектор нема да добие продолжување на договорот што му истекува на 1 јули 2026.
Норвешка беше еден од организаторите на ЕП, заедно со Данска и Шведска и првенството го заврши на деветтото место. Имаа клучни играчи вон строј поради повреда и играа во исклучително тешката група во Хернинг каде што пред нив во групата завршија Данска, Германија, Франција и Португалија. Тоа може да биде оправдување за пласманот на Норвежаните, но нивната стручна фела и генерално јавноста не видоа напредок под водство на Јонас Виле, уште помалку гледаат дека во иднина би биле подобри под неговото водство и решија да бараат друго решение.
Норвежаните се втората репрезентација што ќе менува селектор по настапот на Европското првенство 2026, пред нив селектор смени репрезентацијата на Франција. Тие довчерашниот селектор Гијом Жил го сменија со Талант Душебаев и тој ќе дебитира месецов во Неделата на ЕХФ.

Поврзани вести