Мартин Манасков потпиша за австриски клуб

Photo: HC Alpla Hard 

Македонскиот ракометар Мартин Манасков кариерата ќе ја продолжи во Австрија како ракометари на тимот Алпла Хард. Трансферот беше реализиран во рамки на трансфер периодот што заврши на 28 февруари, а денеска австрискиот клуб го официјализираше преминот на македонскиот играч. Манасков во Алпла Хард доаѓа од екипата на ГРК Тиквеш.

Откако спонтано се појави опција за трансфер, стигнав во Хард. Процесот беше брз, течен и релативно без компликации. Благодарен сум за довербата и поддршката што ја добив од клубот за време на трансферот. Овде гледам голема можност да се предизвикам себе си и да напредувам во ново опкружување“, изјави Мартин Манасков за медија тимот на Алпла Хард.


Челниците на Алпла Хард изразија задоволство што овој трансфер е реализиран, нагласувајќи дека првенството е израмнето и не сакаат да пропуштат шанса да се засилат пред решавачката третина од шампионатот.
Алпла Хард е лидер со 19 бода, но исто толку има и тимот на Ферлах, а само бод помалку екипата на Линц.

 

Поврзани вести