Познати се два пара од нокаут фазата во ЛШ

Photo: IHF

Одиграни се два натпревари од последното коло во групата „А“ од Лигата на шампионите, по што ги имаме и првите парови во нокаут фазата.
Денеска, екипата на Келце како гостин, минимално го совлада тимот на Колстад (27-26) и го освои третото место во групата, зад екипите на Берлин и Алборг.
Екипата на Келце во нокаут фазата ќе игра против петтопласираниот тим од групата „Б“, а тоа е екипата на Пик Сегед.
Спортинг останува на шестото место во групата „А“ и за противник ќе ја има третопласираната екипа од групата „Б“, а тоа е тимот на Висла Плоцк.

Останува вечерва да се комплетираат уште два пара.
Екипите број четири и пет од групата „Б“, а тоа се ПСЖ и ГОГ ги очекуваат екипите пет и четири и другата група, а тоа во моментов се Нант и Веспрем.

 

Поврзани вести