Најинтересниот дел од Лигата на шампионите почнува на почетокот на следниот месец. Стартуваат 1/8 финалните елиминации, а по синоќешното комплетирање на групната фаза се знае и кој против кого се до поканата за настап на Ф4 во Келн.
Нема да има дуели на екипи од иста држава, се избегнаа Висла и Келце, Сегед и Веспрем, Магдебург и Берлин, односно ПСЖ и Нант.
Најтешкиот пат е пред вицепрвакот Берлин кој ќе треба да се соочи со победникот од мечот ПСЖ – Веспрем. Само една од овие три звучни екипи ќе стигне во Келн.
Лига на шампиони:
1/8 финале (1/2 април – 8/9 април)
ПИК Сегед – Kелце
Спортинг – Висла Плоцк
ГОГ – Нант
Веспрем – ПСЖ
Лига на шампиони:
1/4 финале (29/30 април – 6/7 мај)
ПИК Сегед/Келце – Магдебург
Спортинг/Висла Плоцк – Алборг
Веспрем/ПСЖ – Фуксе Берлин
ГОГ/Нант – Барсa