Бели марамчиња за Чави Пасквал во Веспрем

Екипата на Веспрем, веројатно најбогатиот клуб во светот игра уште една сезона во која не само што не се вбројува меѓу најсериозните кандидати за пехарот од ЛШ, туку прашање е дали воопшто ќе стигне до Келн, дури и дали ќе стигне до 1/4 финалето на Лигата на шампионите.

По комплетирањето на групната фаза, Веспрем ќе игра против ПСЖ. Тоа ќе биде дуелот на двата најбогати клубови во моментов, а победникот ќе оди на дуел со Матијас Гидсел и Фуксе Берлин. Нема голем оптимизам, особено кај унгарските фанови кои за чудо, на последниот меч против Алборг дури и не ја исполнија комплетно Веспрем арена што е реткост.
На истиот натпревар, Веспрем уште еднаш одигра лошо во одбрана и беше надигран од тимот на Алборг (33-38). Тоа што беше карактеристично на овој натпревар, во финишот на мечот можеа да се видат навивачи како мавтаат со бели марамчиња.

Шпанскиот тренер на Веспрем, Чави Пасквал, добро знае што значат. Тоа е типичен шпански (фудбалски) манир на навивачите кога сакаат да му порачаат на тренерот дека неговото време во клубот е истечено.










 

Поврзани вести