Foto: ARKUS Liga
Дефанзивецот на српската екипа Динамо Панчево, Марко Тасиќ е пред трансфер во македонскиот клуб Вардар 1961, тврди српскиот „Моцарт“ повикувајќи се на свои извори. Тасиќ беше најдобар дефанзивец на Јуниорското ЕП пред четири години, а настапи и за репрезентацијата на Србија на ЕП 2026. Раул Гонзалез, пак, во својот прв состав и баражот со Литванија, не го повика овој ракометар.
За неговите услуги наводно постоела заинтересираност од повеќе клубови, но Вардар 1961 „победил во трката“.
Шпанскиот тренер Хавиер Сабате и полскиот шампион Висла Плоцк се договорија за предвремено продолжување на договорот. Според полските медиуми, продолжен е договорот на Сабате што истекуваше во 2028 и сега ќе остане на клупата на Висла до 2030 година.
Екипата на Флензбург долго време се обидува да најде соодветно решение на позицијата десен бек, но никако не успева да обезбеди ракометар со кого ќе биде задоволна подолг период.
Следното решение на тимот од северот на Германија, најверојатно ќе биде исландскиот ас Виго Кристијансон кој со многу успех игра во екипата на Ерланген.
Екипата на Кил и оваа година е далеку од пласман во Лигата на шампионите, дури влегува и во опасната зона и за пласман во Лигата на Европа. По двата врзани порази во домашното првенство од Гумерзбах и Штутгарт, клубот реши да ја забрза разделбата со оперативниот директор Алиса Турк. Таа требаше да замине на крајот на сезоната, но во Кил одлучија да го заврзаат времето и нов директор ќе имаат од 1 април.
Победата на Барса над Е. Пелистер од 47-27 е апострофирана како рекорд во ЛШ, а и самата Барса на својот клупски сајт потенцираше дека за еден гол е подобрен рекордот во ЛШ.
Но, овој резултат не е рекорден, ниту во ЛШ, ниту пак за Барса. ЕХФ не ги смета во ЛШ и натпреварите од квалификациите, иако и тие се регуларен дел од натпреварувањето.
Рекордот на Барса е 48 постигнати голови. Во 1999 на меч од Лигата на шампионите со бугарскиот тим Бургас, тогашната Барселона победи со 48-14.
Поврзани вести