ВЕСТИ: Ништо од шоу во Лас Вегас, Талант тргна со победа, трансфери...

Фото: РД Слован

Поради актуелната политичка ситуација, првиот Мега Евент, турнир на кој покрај американските екипи ќе играат и осум врвни европски тимови (Нант, Берлин, Алборг, Ѓер, Одензе, Брест...) место во САД одлучено е да се одржи во Европа.
Со тоа се губи многу од атрактивноста што ги привлече овие екипи да учествуваат. Турнирот требаше да се игра во Лас Вегас што беше магнетот за сите овие екипи да се заинтересираат, а и реално да предизвикаат некакво внимание во САД.
Термините беа 1-9 август доколку не претрпат и тие промени.

Талант Душебаев со сигурна победа над Шпанија (29-26) на пријателски натпревар стартуваше на позицијата селектор на машката сениорска репрезентација на Франција. Реванш натпреварот ќе се игра во недела во Шпанија. Последен пат овие две екипи се сретнаа на ЕП 2026 во Хернинг, а таму Шпанија со победа од 36-32 ја елиминираше Франција од трката за полуфинале.

Сандер Сагосен на дуелот со Данска (30-39) го постигна голот број 940 во дресот на репрезентацијата на Норвешка стана најдобриот стрелец во историјата на норвешката репрезентација. Претходно, цели 28 години на местото најдобар стрелец беше Рогер Кјендален.

Доаѓањето на Даниел Душебаев во Мелзунген значи дека следната сезона од екипата на Гарсија Парондо заминуваат Белорусинот Валдислав Кулеш и долгорочно повредениот португалски ас Александре Кавалканти.

Црногорскиот десен бек Стефан Чавор е новото засилување за словенечката екипа Слован. Toj e третото ново име во тимот на Урош Зорман, откако претходно потпишаа голманот Миљан Вујовиќ и средниот бек на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник.

Поврзани вести