Тројца познати играчи си одат од ПИК Сегед?

Иако шампионот Веспрем е клубот што меѓуредови им се заканува и им ја покажува излезната врата на играчите доколку и сезонава не ги исполнат клупските амбиции, нивниот најголем домашен ривал, екипата на ПИК Сегед е првата од каде што испливаа информации за големи промени.

Три познати играчи се на излезна врата од клубот. Тоа се легендарниот голман Роланд Миклер што би требало да оди во Ѓер, потоа репрезентативниот бек Рикард Бодо кој треба да премине во Татабања каде што на истата позиција игра и Филип Талески и српскиот плејмејкер Лазар Кукиќ кој би требало да оди кај ривалскиот Веспрем.

Играчи пак што би требало да дојдат покрај Димитро Хориха од Вардар, се уште и Миклош Рошта од Динамо Букурешт, голманот Криштоф Паласиц од Мелзунген и младиот Еклемовиќ од Татабања. 




 

Поврзани вести