Македонија против Словачка за пласман на СП 2027

Photo: SZK / Slovak Handball Federation

СЛОВАЧКА – УКРАИНА 31-32 (15-20)
Прв натпревар: 27:24



Репрезентацијата на Македонија го доби противникот за вториот квалификациски бараж натпревар. На 13/14 мај и на 16/17 мај, во директен двомеч за пласман на Светското првенство во Германија 2027, Македонија ќе игра против репрезентацијата на ....
Тоа е епилог по комплетирање на првото квалификациско сито во кое играа Словачка и Украина. 

Украина која на овој меч одново настапи без најмалку пет стандардни играчи и со само еден голман во составот, подобро го отвори натпреварот и постојано водеше во првиот дел со гол до два гола разлика.
По 15 минути игра, Украина поведе со 11-8 што беше прво водство од три гола разлика колку што заврши и првиот натпревар (27-24).
Потоа работите станаа полоши за домашната Словачка, па Украина поведе и со 16-10, 18-12, за на полувреме да биде 20-15.
Со три гола во серија на стартот на вториот дел Словачка намали на 18-20 и одново ги стави шансите за пласман во вториот бараж на своја страна.
Следеше период на игра гол за гол, но се чинеше дека физичката спремност е на страна на домашните кои намалија на 22-23 во 40 минута, а по петтото промашување на Игор Турченко, капитенот Љубомир Дуриш израмни на 23-23. За Дуриш ова беше прошталниот натпревар во дресот на репрезентацијата.
Потоа одново се играше гол за гол со тоа што Украина ќе поведеше, Словачка израмнуваше.
При резултат 26-26 актуелен во 45 минута, пет минути промашуваа и едните и другите за конечно, во 51 минута Словачка да поведе 27-26. 
Во 56 минута беше 28-28 и теоретски Украина и натаму беше во игра. Минута подоцна Словачка промаши пенал по што беше казнета со гол од Турченко и негатива (28-29). Но, тоа беше тоа. Следеа два гола на Словачка за водство од 30-29 по што сите дилеми беа остранети и се чекаше само конечниот резултат. 




 

Поврзани вести