Романија се изрезили на домашен терен

Photo: Turkish Handball Federation

Комплетиран е првиот циклус од квалификациите за СП 2027 во кој 16 репрезентации играа Бараж 1 натпревари. 
Изненандувањето на денот е репрезентацијата на Турција. Романија ја победи Турција со пет гола разлика (37-32) на гостински терен и веќе се прогласи за патник во Бараж 2. Но, премногу рано почнаа да слават Романците. Настапија со доста изменет состав од тој што играше на ЕП и доживеаја фијаско на домашен терен. Турција ги совлада со 37-31 и се избори за пласман во Бараж 2. Турција направи голем успех, но нивниот следен противник е Норвешка. 
На другите натпревари со исклучок на пласманот на Израел на сметка на Грузија, немаше неочекувани резултати. 


 


СП 2027
КВАЛИФИКАЦИИ, БАРАЖ 1
Украина - Словачка  24-27, 32-31
Бараж 2: Словачка - Македонија
Грција - Белгија  29-26, 34-31
Бараж 2: Холандија - Грција
Турција – Романија  32-37, 37-31
Бараж 2: Норвешка - Турција
Грузија – Израел  29-32, 30-28
Бараж 2: Шпанија - Израел
Финска – Ц. Гора  32-36, 26-30
Бараж 2: Ц. Гора - Словенија
Србија – Литванија  42-25, 33-24
Бараж 2: Унгарија - Србија
Летонија – Полска  24-33, 25-33
Бараж 2: Австрија - Полска
БиХ – Косово, 34-21, 29-33
Бараж 2: БиХ - Ф. Острови

Поврзани вести