Русија и Белорусија, можат на СП!

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) по препорака од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука со која им дозволува на сите младински репрезентации (У15 -У21) од Русија и Белорусија да се вратат во системот на натпреварување и да учествуваат на Светските првенства.  
Можат да се натпреваруваат под нивните знамиња и со нивните химни.  Услов е ракометарите да потпишат документ дека не се дел од воената организација. 
Нов состанок на Извршната комисија ќе има на 6 мај и на тој состанок ќе се рагледуваат други чекори за интеграција на овие две држави назад во системот на натпреварување. 
Руските и белоруските репрезентации добија право да настапат на СП, но рано е да се радуваат, затоа што пласман на СП се обезбедува преку ЕП. Така сега топката е на половината што ја контролира Михаел Видерер, односно Европската ракометна федерација (ЕХФ).  

Поврзани вести