Македонија од денеска почнува нов циклус. Машката сениорска репрезентација влегува во квалификациите за ЕП 2028. Тоа е првенство што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонија доби противници по мерка и не би требало воопшто да стравува за пласманот на ЕП 2028.
Двете најдобри од сите групи и четири најдобри од вкупно осум третопласирани ќе обезбедат учество на ЕП 2028 што ќе се организира во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Квалификациите ќе стартуваат во првата недела од ноември 2026. Тогаш ќе се одиграат две кола, потоа ќе продолжат во март 2027 и ќе бидат комплетирани во мај 2027.
Пласманот на ЕП е приоритет и резултските цели би требало да бидат исполнети доколку се реализира, но ако се размислува еден потег напред, пласманот во групата може да биде многу важен.
Местото во групата игра улога во следната ждрепка, а таа е а Прелиминарната фаза на ЕП.
Македонија нема шанса да биде во првиот шешир, но би можела да биде во вториот со што ќе добие условно полесни противници на ЕП, а и ќе ги намали шансите да игра во Швајцарија.
ЕХФ ЕУРО 2028
Квалификувани: Данска, Шпанија, Португалија, Швајцарија
ГРУПА „1“: Холандија, Финска, Литванија, Хрватска
ГРУПА „2“: Австрија, Турција, Грузија, Норвешка
ГРУПА „3“: Србија, Естонија, Украина, Исланд
ГРУПА „4“: Ф. Острови, Косово, Ц. Гора, Унгарија,
ГРУПА „5“: Чешка, Израел, БиХ, Словенија
ГРУПА „6“: Полска, Летонија, Романија, Франција,
ГРУПА „7“: Италија, Словачка, Белгија, Германија
ГРУПА „8“: Македонија, Луксембург, Грција, Шведска