Македонската репрезентација ги доби противниците за пласман на ЕП 2028 што ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Нашиот тим ќе игра против Луксембург, Грција и Шведска и шансите да се пласираме на ЕП се многу големи. Шансите да се пласираме во вториот шешир, пак, не се толку големи, напротив, ќе треба да бидеме подобро пласирани од Шведска во групата.
Квалификациите почнуваат во ноември, а нашиот прв противник ќе биде екипата на Луксембург со која што ќе играме на домашен терен. Три дена подоцна ќе играме на гости во Грција.
Во март 2027 следуваат двата меча со Шведска, а прво ќе играме дома. Потоа во мај прво ќе гостуваме кај Луксембург, а потоа на домашен терен, на 9 мај во 18:00 часот (сите натпревари од поледното коло ќе се играат истовремено) ќе ја пречекаме Грција.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028
1. КОЛО (4/5.11.2026)
Македонија – Луксембург
Шведска – Грција
2. КОЛО (7/8.11.2026)
Грција – Македонија
Луксембург – Шведска
3. КОЛО (10/11.3.2027)
Македонија – Шведска
Луксембург – Грција
4. КОЛО (13/14.3.2027)
Шведска – Македонија
Грција – Луксембург
5. КОЛО (5/6.5.2027)
Луксембург – Македонија
Грција – Шведска
6. КОЛО (9.5.2027, 18:00ч)
Македонија – Грција
Шведска - Луксембург