Мулти Есенс зачекори кон Суперлига!

Новата генерација на ракометари што се кали во „Автокоманда“ си создаде голема шанса следната сезона да игра во најсилната конкуренција, во Суперлигата. 
Мулти Есенс денеска се сретна со непоразниот тим на Младост Богданци во Скопје во директно дерби за првото место на табелата. Првиот меч есеноска заврши со победа на Младост од еден гол разлика, па така денеска скопскиот состав бркаше победа од две гола. Победи со 12. 
Неочекуван епилог, но Мулти Есенс покажа дека се работи квалитетно во Автокоманда. Вистинската битка се водеше во првиот дел во кој резултатот беше релативно израмнет, за на полувреме Мулти Есенс да замине со два гола плус (19-17). 
Комплетната доминација почна во вториот дел што Мулти Есенс го доби со десет гола разлика за конечни 39-27. 

По 19 одиграни кола Мулти Есенс има само еден пораз, споменатиот во Богданци. До крајот има уште пет натпревари во кои ќе се сретне и со третопласираниот Драчево Јуниор (дома) и четвртопласираниот Вардар Неготино (гости), па така не можеме да кажеме дека работата е завршена, иако најтешкото за нив помина. Младост Богданци исто така има само еден пораз и тоа денешниот. Негативата во Скопје значи послаб меѓусебен скор со Мулти Есенс во случат на крајот на сезоната да бидат израменти со бодови, што е мошне веројатно. 

Победникот во Првата лига ќе обезбеди пласман во Суперлигата, додека второпласираната екипа ќе игра бараж со претпоследниот од суперлигашкиот Плејаут. 
 

Поврзани вести