-
28.3.2026
-
Македонски ракомет
РК АЛКАЛОИД - ГРК ТИКВЕШ 40-25 (20-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Дејан Георгиевски и Димитар Георгиевски. Делегат: Марјан Огњановски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Маркоски 4, Никола Костески 8, Стојковиќ 5, М. Митев 2, Велковски 1, Симоноски, Ненад Костески 6, Д. Митев 2, Борзаш 2, Трајкоски 1, Аларов 1, Николов 5, Ѓорговски 1
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
ГРК ТИКВЕШ: Панов, Јовевски, Стојановски 5, Цејовиќ 3, Тодоров, Велков, Печурица, Димовски 1, Лазов 5, Симиќ, Коцев 5, Атанасовски 3, Мијушковиќ 3, Бакев
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 6 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-41 (9-23)
Екипите на РК Алкалоид и РК Еурофарм Пелистер запишаа убедливи победи во викенд колото од кое изостана дерби мечот меѓу Вардар и Охрид поради настапот на охриѓани во Европскиот Куп.
Алкалоид на домашен терен го преслуша составот на ГРК Тиквеш и запиша победа од 15 гола разлика.
РК Алкалоид подобро отвори и поведе со 4-1 по пет минути игра. Меѓу два и три гола беше разлика во следните 10 минути, а серија од 6-1 и водство на Алкалоид од 14-7 во 20 минута.
На полувреме резулатот беше 20-12, а по десет минути игра во вториот дел прв пат беше двоцифрена разликата (25-15).
По ова Алкалоид во мирен финиш, Алкалоид стигна и до плус 15, конечни 40-25.
Со скор па ист резултат, првакот Еурофарм Пелистер славеше на гости кај Бутел Скопје. Битолчани победија 41-25 на натпревар на кој Алем Хаџиќ со седум гола беше најефикасен, пред Манасков кој постигна шест.
Поврзани вести