Анди Шмит ќе биде и селектор и тренер на Луцерн

Photo: Marcus Bauer

Најпознатиот швајцарски ракометар во последните триесетина години, Анди Шмит, ќе има двојна улога од јуни годинава.

Тој е актуелен селектор на Швајцарија со важечки договор до 2028 година, но од јуни ќе биде и тренер на екипата Криенс Луцерн, екипа што покажа големи амбиции, особено откако успеа да го обезбеди потписот на најдобриот австриски ракометар, Никола Билик од редовите на Кил.

Анди Шмит постигнал договор со швајцарската федерација и со Криенс Луцерн и же може да врши паралелна работа.

Поврзани вести